Владата на САД санкционираше припадници на групата поврзана со Русија поради наводните „дестабилизациони операции“ во Молдавија

Вовлечена во целосна војна со Украина, Русија не се откажува од Молдавија. Медиумските истраги сведочат за постојаните обиди на Кремљ да го задржат своето присуство во Молдавија со помош на групи кои имаат влијание.

Луѓето на Путин создаваат моќни структури за манипулирање со молдавската влада и граѓани, а нивните врски се организации и поедици санкционирани од страна на САД, кои укажуваат обиди за длабоко инволвирање на Руската Федерација во внатрешните работи на Молдавија, пишува “BalkanInsight”.

Неодамна, меѓународните и молдавските медиуми објавија за активностите на оваа група, откривајќи ги нејзините врски со поединци вклучени во списокот на санкции на САД и ЕУ. Според нив, Константин Прокопјевич Сапожников, Јуриј Јуриевич Маколов, Глеб Максимович Хлопонин, Светлана Андреевна Бојко, Алексеј Вјачеславович Лосев, Василиј Викторович Громовиков и Ана Травникова биле вклучени во различни акции насочени кон поткопување на владата на Молдавија. Истите лица учествувале и во изборната кампања на Игор Додон во 2020 година.

Светлана Андреевна Бојко е висок припадник на горенаведената група на штетно влијание. Таа била одговорна и за буџетската страна на кампањата, чија цел била дестабилизација на власта во Молдавија. Покрај тоа, Бојко одиграла клучна улога во промовирањето на проруските идеи преку други проекти низ светот. Бојко била поврзана со проектот “Материјални Докази” и “Здружение на новинари за мир” (Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden – AJKF), во моментов непостоечко новинарско здружение. Бојко имала пошироки овластувања од оние кои се својствени за помошникот кустос, како што било објавено во написите на некои публикации. Во своето резиме, Бојко посочила дека водела проекти и во “Материјални Докази” и во AJKF. Бојко учествувала во сите настани поврзани со ова здружение, кое во тоа време промовирало про-Кремљска агенда.

Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden (AJKF) – Новинарска асоцијација за мир, порано им нудела грантови на новинарите за промовирање на проруски наративи, дури и ако самите автори не биле експлицитно проруски настроени. Методологијата на АЈКФ била да обезбеди грантови за новинарите, особено за оние кои се симпатизери на екстремната десница и антизападните. Овие новинари би се пријавиле со своите биографии, искуство, новинарски контакти и проценети трошоци за документирање, планирање и пишување написи. АЈКФ наводно избирала апликанти кои ги подржувале наративите на руската влада и ги финансирала нивните новинарски проекти. АЈКФ има организирано повеќе конференции во евроспки метрополи како Париз, Брисел, Виена и Берлин. Според расположливите информации на годишната конференција во 2016 година на АЈКФ во Париз – Франција, присуствувале и новинари од регионот на Западен Балкан каде од РСМ се споменува Миленко Неделковски кој говорел за ситуацијата со мигрантите. За овој настан тој има објавено статија со наслов “Миленко во Париз” на својот портал Дудинка.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Апел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

На 4 јуни, во 4 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери. Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да...

Филипче: Целосно нов начин на комуникација со членството и негово вклучување при носење на одлуки

„Нов СДСМ за нови победи“, програмата на проф. д-р Венко Филипче, предвидува зајакнување на структурата на партијата и обезбедување силна комуникација и ангажман со општинските организации. Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче предвидува новини кои партијата ќе ја направат подемокртска и потранспарентна, како за членството, така и...

Меџити: Јас ќе бидам вицепремиер и министер за екологија, а Таравари министер за здравство

Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата Вреди, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни. Меџити во изјава за Телевизија Алсат соопшти и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека...

Прегазен пешак во Чаир, со тешки повреди пренесен во болница

Седумдесет и четиригодишен скопјанец е тешко повреден откако бил од „фолсваген туран“ во Чаир. „Вчера во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје....

Грк кој е во затвор во Албанија избран за европратеник

Фреди Белери, етнички Грк кој беше избран за градоначалник на албанскиот приморски град Химаре откако заврши во затвор, ќе биде пратеник во Европскиот парламент како кандидат на владејачката партија во Грција, Нова демократија. Весникот „Катимерини“ објави дека Белери освоил над 236.000 гласови и се наоѓа на четвртото...

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство

Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската...

ДКСК ќе бара одговорност од Демири – незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирурхија

Министерот за здравство Илир Демири незаконски ги разрешил медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски и директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски. Ова е денешната оценка на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), кои ги прифатија како неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија...

Костадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд

Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива, ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ полека станува изолирана партија

СДСМ полека станува изолирана партија. Тие не поддржаа системски закон, иако огромното двотретинско мнозинство на пратеници во Собранието изгласаа закон со што се покажа дека ВМРО ДПМНЕ за важните прашања има капацитет да води политички процес и да обезбеди поддршка, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Од друга страна...

СДСМ денес на Конгрес ќе го анализира изборниот пораз

Денес СДСМ на отчетен Конгрес ќе го анализира поразот на претседателските и на парламентарните избори. Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по изборниот пораз седница на партискиот Извршен одбор што се одржа на 22 мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побара свикување...

ВЛЕН добива: МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Царина, УЈП, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство.. – погледнете ги сите кадри

Коалицијата ВЛЕН е на пат да го финализира договорот за поделба на власта со ВМРО ДПМНЕ. Како што дознава PortaliX, по дефинирањето на поделбата на министерствата, најголем дел од дирекциите веќе се поделени. МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви и низа други...

Максим Димитриевски и Христијан Мицкоски на коледарско гравче на фестивал во Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и Претседател на Двиежење ЗНАМ – За наша Македонија зедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска беше на дегустација на коледарско гравче на фестивалот BEARS MOTO ROCK FEST. BEARS MOTO ROCK FEST традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во...