Македонија останува без премиер, Ковачевски поднесе оставка – што значи тоа?

Премиерот Ковачевски си поднесе оставка, а со него во оставка е целата Влада. Тој го достави документот во Собранието.

Со тоа се создадоа услови да отпочне процедурата за формирање на техничка влада за подготовка на избори чијшто технички премиер ќе биде досегашниот собраниски спикер Талат Џафери.

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави во Собранието неговата оставка, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.

Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која ги посочи според него најголемите достигнувања во мандатот на оваа Влада, а за техничкиот премиер Талат Џафери рече дека е искусен политичар кој има големо искуство во водењето на Парламентот и оцени дека стилот ќе биде различен, но дека државата ќе го задржи својот стратешки правец.

– Имавме неформална средба со министрите на која што им се заблагодарив за напорната работа во овие изминати две години. Денеска, како што кажав, ќе го направам тоа што е според закон предвиден.

Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата.

Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер, рече Ковачевски.

Ковачевски изрази убедување дека на 9 мај тој ќе ја предводи новата Влада.

– Јас дојдов со друго искуство во водење на корпорации, така што, веројатно стилот ќе биде различен, меѓутоа државата секако дека ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западната ориентација, стратешкото партнерство во САД и техничката влада исто ќе се грижи за граѓаните бидејќи се уште сме во криза така како што ние тоа го правевме во изминатите две години.

Ова е нешто што е предвидено според закон, на 9 мај повторно Владата ќе ја предводам јас и ова парламентарно мнозинство кое што ќе обезбеди полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

Кажа дека имал чест и гордост да биде претседател на Влада.

-Јас имам кажано многу пати пред медиумите дека ниеден човек не се родил ниту да биде претседател, ниту да биде пратеник, ниту да биде градоначалник, тоа е нешто што му припаѓа како чест во текот на неговата професионална кариера.

Јас ја имав таа одговорност и таа чест да ја водам Владата во едно исклучително време, во време на многу и меѓународни турбуленции, меѓутоа пред се на економски турбуленции предизвикани од војната во Украина.

Сметам дека се грижевме за сите.

Сметам дека обезбедивме се она што беше да ги задржиме работните места, да ја задржиме ликвидноста на компаниите и да обезбедиме приходи на најранливите категории на граѓани преку најголемите пакети на антикризни мерки коишто која било земја во регионот ги направи

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ХОРОР вест од Германија: 32-годишен Македонец убиен, настрадал во тепачка со Еритрејци

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Тој настрадал по расправија со двајца Еритрејци. Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил тепан со пивско шише објави Билд.де. Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот,...

Убава утринска вест: РАСТЕ минималната плата – од март, еве колку ќе изнесува

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во наредниот месец следи ново покачување. Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од минатата година таа изнесува 20.175 денари. За...

Журналисти от Западните Балкани, свързани с неправителствената организация AJCF, която дарява за популяризирането на руските разкази

Според медиите от Молдова, германската неправителствена организация "Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden" - (AJKF), "Асоциация на журналистите за борба за свобода" - е отпуснала грантове за популяризиране на руските разкази в Молдова. Медиите сочат определена Светлана Андреевна Бойко - пропагандатор на проруските наративи в Молдова -...

(ВИДЕО) Двојно убиство кое го потресе цел регион: Ги заклал поранешната жена и мајка и

Маж (48) е уапсен вечерва во Србија под сомнение дека ги убил поранешната сопруга (47) и нејзината мајка (75). Телата се пронајдени во куќа во селото Раковац во близина на Беочин, јавуваат српските медиуми. Како што дознава Н1, полицијата го пронашла осомничениот на местото на убиството. На телата имало...

(ФОТО) ЛиДеМ со учество на 9-тата Национална конференција на Младежко ДПС во Софија

Претставници од подмладокот на ЛДП, деновиве беа дел од 9-тата Национална конференција на Младежко ДПС во Софија. За ова информираа самите тие преку социјалните канали на партијата: -На одржувањето на деветатта (9) Национална конференција на Младежко ДПС (Бугарија) под слоганот „Силата е во нас“ во присуство на сите...

Голема несреќа: Лошата вест брзо се прошири – маж паднал од трет кат на познат трговски центар, не успеал да се спаси, голема трагедија...

30-годишен маж вечерва загинал при пад од третиот кат во Трговскиот центар Рајиќево, јавија медиумите во соседна Србија. Несреќата се случила околу 18:30 часот. Мажот паднал од висина од околу 15 метри, а деталите за трагедијата се уште не се познати.

18-годишна девојка исчезна во Струга: Нејзиниот татко моли за помош

Педесетгодишен стружанец трага по неговата 18 годишна ќерка која исчезнала. „Р.А.(50) од селото Лабуништа, струшко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Б.(18)“, објави МВР. Во пронаоѓање на девојката вклучена е полицијата.

БРУТАЛНО НАСИЛСТВО: Маж (29) пцуел, навредувал и удрил девојка во глава – веста ги вознемири сите, најмногу жителите на градот Земун

Маж со иницијали, М.Ш. (29) е уапсен поради сомнение дека ја нападнал својата девојка С.О. (28). Се сомнева дека ја пцуел и навредувал девојката, а потоа и физички ја нападнал. Сето ова се случувало во Земун, во соседна Србија. Се сомничи дека неколку пати ја удрил во пределот на...

Тошковски потврди дека обезбедувач на Мицкоски нападнал друг полицаец – се огласиј и од ВМРО-ДПМНЕ, познато е што ќе сторат тие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бара од надлежните институции и служби целосно да го расчистат случајот, во кој член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски нападнал полицаец во една кафеана, а потоа бил уапсен. -Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на...

Шефот на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полициски службеник пред угостителски објект

Според порталот 360 степени, шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Непотврдени информации велат дека полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат...

На пензионер му експлодирал половиот орган: Лекарите биле шокирани кога виделе што заглавил во меѓуножјето

Страшен медицински извештај од Австралија ја опишува судбината на пензионер (73) кој турнал неколку батерии во пенисот. Кога пензионерот ставил неколку батерии во пенисот, пенисот му пукнал. Д-р Брендан Акихико го опиша инцидентот во застрашувачки извештај. Медицинскиот тим истакна дека туѓите тела во уретрата претставуваат уролошки итен случај и...

(ВИДЕО) Се појави снимка од Навални, опозициски медиум во Русија порача: Ова не е последно видео од него – внимавајте што пренесувате

Објавено е видео од судница, кое наводно било снимено во четвртокот, кога на рочиштето преку видео врска се приклучил Алексеј Навални од затворската колонија. Клипот го објави независната руска медиумска куќа СОТА. „Алексеј е здрав и весел“, соопшти СОТА на својот канал „Телеграм“ и ги замоли новинарите да не...