Нов светски воен конфликт: САД и Велика Британија не можеа да го премолчат тоа – нападнаа со моќни ракети

Ново воено жариште во светот. Според првичните информации, САД и Велика Британија извршиле напад врз Јемен. Сето тоа е како одговор по постојаните напади на Хунтите врз бродовите во Црвеното Море.

Како што пишуваат повеќе светски медиуми, Американски и британски авиони и воени бродови извршија напади врз воени објекти на бунтовничката група Хути во Јемен.

Според првичните изјави на Хутите, но и на претставници на САД и В. Британија, мета првенствено биле аеродроми за кои западните сили сметаат дека се локации од кои Хутите лансираат ракети и дронови, како и складишта за оружје и радари.

Повикувајќи се на неименуван веродостоен извор во американската влада, во нападите се користат и моќни ракети Томахавк.

Хутите се јеменска бунтовничка група која во војната на Блискиот исток ги поддржува Палестинците против Израел, а тие, пак, се поддржани од Иран, една од најмоќните држави во регионот. Во последните месец и половина, тие тргнаа во лов на трговски бродови во Црвеното Море и ја попречуваа глобалната трговија.

Потврда за нападот пристигна и од САД. Американското воздухопловство соопшти дека на удар во нападите против јеменските Хути биле повеќе од 60 цели на 16 локации – командни места, складишта со оружје, производствени погони и радари на противвоздушната одбрана.

Постојаната мисија на Русија во Обединетите Нации (ОН) побара итна седница на Советот за безбедност по нападите на САД и на Велика Британија врз позиции на Хутите во Јемен. Состанокот, според агенцијата ТАСС, е закажан за 16 часот по локално време во Њујорк.

Со Резолуција на Советот за безбедност во средата беше побарано јеменските Хути веднаш да престанат со нивните напади врз бродови во Црвеното Море. Русија и Кина беа воздржани при гласање, како и Алжир и Мозамбик. За документот беше усвоен со 11 гласа „за“.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран...

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски пораз на претседателски и парламентарните избори, каде партијата заедно со коалицијата успеа да освои 18 пратенички мандати. По поразот, актуелниот претседател Димитар Ковачевски најави дека ќе следуваат големи промени во партијата, а неколку денови потоа потврди и...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран за нов претседател на Собранието. Како единствен кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и од Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите, а функцијата ќе ја извршува совесно....

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација. На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави. ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство. Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица. Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот. Во 23 часот...

Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле да го раскинат договорот, само една сезона по преземање на кормилото. Веќе се познати и неколку имиња за кои се шпекулира дека би можеле да бидат наследници на Аргентинецот. Некои од нив се очекувани, но има и...

Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за руските специјални служби и извршиле серија диверзантски дејствија во земјата. Ваквата информација за полските медиуми ја соопшти премиер Доналд Туск. – Деветмина осомничени се уапсени и обвинети за директно учество во саботажа на територијата на Полска по...

Владата ја одржа 22 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во...

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира. Ејде...

До 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години

Очекуваниот животен век на луѓето ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година, објави научното списание „Лансет“. Кај мажите тоа ќе се зголеми од 71,1 на 76 години, а кај жените од 76,2 на 80,5 години. Најголем пораст се очекува во земјите каде што очекуваниот животен...

Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат. Посочи дека „ова не...

Потврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо

Кривичниот суд во Скопје му го потврди триесетдневниот притвор на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палевски за првпат беше изведен пред судија во претходна постапка по неговото пристигнување од Турција, од каде во средината на мај беше екстрадиран во Северна...

МЗТ на чекор од шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер. Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да...