Во државата ќе има ред и правда: МВР во засилена акција вечерва – познати се напаѓачите, се бараат и сите ќе одговараат

Полициски службеници вечерва на повеќе локации низ главниот град и во Тетово го бараат Беким Незири екс министер за економија од ДУИ кој сега е вработен во Македонска навигација.

Полицаец, но и лице осудено за кривично дело со настрадан при пукање учествувале во упадот во М-НАВ, денеска попладне, тврдат за Телма, извори запознаени со истрагата за инцидентот.

АЛСАТ-М повикувајќи се на свои извори објави дека упадот врз контролори на летање во М-нав денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири. Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.

Упадот според Алсат го водел функционерот на ДУИ Беким Незири кој е и поранешен министер за економија. Друг член на бандата која упаднала во контролата на летање, задолжена за безбедност на воздухопловниот сообраќај во државата, бил и сопруг на жена која пред неколку месеци била вработена во Навигација. Според информациите на Телма со иницијали Е.С. претходно имал и условна затворска казна за насилен инцидент со нстрадан човек при пукање.

Во инцидентот, според нашите информации учествувал и Д.Л. полицаец, вработен во СВР Тетово. Полицијата го потврди пријавувањето на инцидентот, но објави само иницијали од напаѓачот кој е вработен во М-НАВ каде заедно со членови на ДУИ ги напаѓал и тепал колегите кои преку синдикатот се бунеле за злоупотребите на актуелното раководство и распишаните огласи за нови вработувања. Иницијалот на водачот на нападот Б.Н. соодвествуваат со името на Беким Незири кој е ангажиран како советник во М-НАВ.

Од ДУИ засега нема реакција за овој упад во М-НАВ за што се посочени нивни членови. Нема ниту реакција од партискиот портпарол, министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше претседател на чирскиот огранок на ДУИ пред официјално да биде избран Беким Незири.

Со упадот во контролата на летање и нпадот врз вработени може да се влијае и врз безбедноста на воздушниот сообраќај. Станува збор за сериозно и тешко кривично дело за кое според кривичниот законик е предвидена и казна од една до десет години затвор.

Извор: Телма

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Апел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

На 4 јуни, во 4 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери. Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да...

Филипче: Целосно нов начин на комуникација со членството и негово вклучување при носење на одлуки

„Нов СДСМ за нови победи“, програмата на проф. д-р Венко Филипче, предвидува зајакнување на структурата на партијата и обезбедување силна комуникација и ангажман со општинските организации. Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче предвидува новини кои партијата ќе ја направат подемокртска и потранспарентна, како за членството, така и...

Меџити: Јас ќе бидам вицепремиер и министер за екологија, а Таравари министер за здравство

Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата Вреди, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни. Меџити во изјава за Телевизија Алсат соопшти и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека...

Прегазен пешак во Чаир, со тешки повреди пренесен во болница

Седумдесет и четиригодишен скопјанец е тешко повреден откако бил од „фолсваген туран“ во Чаир. „Вчера во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје....

Грк кој е во затвор во Албанија избран за европратеник

Фреди Белери, етнички Грк кој беше избран за градоначалник на албанскиот приморски град Химаре откако заврши во затвор, ќе биде пратеник во Европскиот парламент како кандидат на владејачката партија во Грција, Нова демократија. Весникот „Катимерини“ објави дека Белери освоил над 236.000 гласови и се наоѓа на четвртото...

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство

Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската...

ДКСК ќе бара одговорност од Демири – незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирурхија

Министерот за здравство Илир Демири незаконски ги разрешил медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски и директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски. Ова е денешната оценка на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), кои ги прифатија како неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија...

Костадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд

Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива, ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ полека станува изолирана партија

СДСМ полека станува изолирана партија. Тие не поддржаа системски закон, иако огромното двотретинско мнозинство на пратеници во Собранието изгласаа закон со што се покажа дека ВМРО ДПМНЕ за важните прашања има капацитет да води политички процес и да обезбеди поддршка, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Од друга страна...

СДСМ денес на Конгрес ќе го анализира изборниот пораз

Денес СДСМ на отчетен Конгрес ќе го анализира поразот на претседателските и на парламентарните избори. Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по изборниот пораз седница на партискиот Извршен одбор што се одржа на 22 мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побара свикување...

ВЛЕН добива: МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Царина, УЈП, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство.. – погледнете ги сите кадри

Коалицијата ВЛЕН е на пат да го финализира договорот за поделба на власта со ВМРО ДПМНЕ. Како што дознава PortaliX, по дефинирањето на поделбата на министерствата, најголем дел од дирекциите веќе се поделени. МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви и низа други...

Максим Димитриевски и Христијан Мицкоски на коледарско гравче на фестивал во Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и Претседател на Двиежење ЗНАМ – За наша Македонија зедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска беше на дегустација на коледарско гравче на фестивалот BEARS MOTO ROCK FEST. BEARS MOTO ROCK FEST традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во...