Сопругата на пратеникот Димитар Апасиев, Тамара Јованов преку социјалните мрежи ги коментираше последните случувања во Собранието на Македонија:
Сега треба да сме пред Собрание, затоа што таму умира и последното делче што остана за заштита на народот од криминални власти, сегашни и идни!
Се прашувам само, зошто не сме?!
Веројатно, да сакавме да бидеме како што треба, немаше вакви преваранти ко сдс, дпмне и дуи да ни кројат судбини 30 години.
Дали сме воопшто свесни што прават штеточиниве, покрај огромните количини дијазепами, дроги, алкохол и дугите бегства од реалноста, тоа се прашувам?!
Ако ова им помине, небото им е граница – токму на оние кои ја сведоа државава на дупкава што е.
Пс. А ако сега не ни стане јасно, колку е важно по следни избори да имаме што е можно повеќе чесни и храбри луѓе во Собрание, надвор од криминалната матрица на сдс-дуи-дпмне, тогаш ние сме си сами на себе, најголеми непријатели.
Замислете сега да рипнеа 20тмина внатре да го бранат народното?!
Иако, 2јцава вредат колку другите 118!