На денешната тензична седница во Собрание, пратеникот од редовите на ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне пратеникот Крмов, се вели во соопштението од Левица.
ЛЕВИЦА НЕ СЕ СДС И ДПМНЕ ЗА ДА МУ СЕ ПЛАШАТ НА ДУИ
На денешната тензична седница во Собрание, пратеникот од редовите на ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне пратеникот КРМОВ!
Им порачуваме на амнестираните насилници од ДУИ дека времето на плашење на македонскиот народ заврши и дека нивните послушници ДПМНЕ и СДС се делегитимирани одамна во очите на македонскиот народ.
Нови времиња доаѓаат и нова историја ќе се пишува во македонското Собрание!
Крмов: Сите пратеници се против Левица, исти сте, важни ви се само функциите
Кршење на монитори но и фрлање на листови и хартија кои завршија директно во лицето на заменик претседателот на законодавниот дом Мисовски од страна на пратениците на Левица Апасиев и Крмов.
Ситуацијата ескалираше поради расправата за точката за деловникот по што во салата влезе собранискиот спикер кој мораше да ја прекине седницата. На ова и претходеше расправата на која пратениците на Левица бараа прекинување на седницата и обвинуваа дека СДСМ и ДУИ на сила сакаат да ги донесат измените во деловникот.
И додека растат предизборно тензиите и нетрпението меѓу партиите веќе се калкулира и околу датумот за изборите. Премиерот Ковачевски денеска со нов став дека сепак прифаќа парламентарни избори во мај кои би биле заедно со вториот круг на претседателските . Ковачевски денеска во изјава за медиумите а говорејќи и за евентуалните коалиции уште еднаш посочи дека СДСМ и ДУИ остануваат коалициски партнери додека пак со Алијанса за Албанците тврди се има капацитет за разговори кои водат кон економски просперитет и модерна држава.