Оштетено е само комбето, додека материјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.
Две лица се повредени вчера наутро откако воз, кој сообраќал на релацијата Скопје – Табановце удрил во комбе на железничкиот премин кај кумановското село Лопате.
„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбето, додека материјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.
Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој, информира МЖ.
ПОВРЗАНА ВЕСТ: Се судрија патнички и товарен воз во Србија, има повредени
Во местото Ратково кај Оџак дошло до железничка несреќа, кога се судриле патнички и товарен воз.
Патнички воз налетал на товарен воз од задната страна во Ратково.
„Вечерва, во петок, 17.11.2023 година, во 18.47 часот патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково. Во овој железнички судир нема загинати. Четворица патници се повредени, а возачот го повредил рамото“, се наведува во соопштението на Железничката инфраструктура на Србија.
И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз, објави Телеграф.