На социјалните мрежи се појави ново видео на палестинската екстремистичка организација Хамас, на кое се гледаат нивните напади врз израелските војници во Појасот Газа.
Клипот го содржи воведното лого на Хамас и го објави корисник на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Во објавата се наведува дека се работи за операција на бригадите Ал Касам на Хамас.
Во клипот, Хамас ги нападна трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) кои спроведуваат копнена операција во палестинската енклава.
Се вели дека заседите резултирале со неколку мртви израелски војници.
Припадниците на бригадите Ал Касам користеле рачни противтенковски ракетни фрлачи РПГ-7 од кои истрелувале ракети Ал Јасин, кои Хамас ги произведува сам.
Израелските војници беа нападнати од заседа и застрелани со обично огнено оружје.
На видеото се гледа дека откако погодените израелски војници паѓаат и нивните соборци доаѓаат да ги извлечат, Хамас отвора оган и врз нив.
— Pluton (@Pluton45873221) November 19, 2023