Маричиќ со трогателни зборови се опрости од својот другар и соработник: Во неколку реченици ја прикажа неговата големина

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, преку социјалните мрежи се опрости од Илија Жупаноски, долгогодишен соработник, но и голем другар на самиот Бојан.

-Вчера го испративме Илија Жупаноски. Нашиот Иле.

Кога го запознав пред 25 години низ дебатната програма на МОФ- уште на свои 17 години беше ментор, тренер, насочувач, лидер. Беше неуморната сила на дебатната програма на МОФ. Водеше дебатни клубови, па ја водеше цела дебатна програма, а три години беше лидер на МОФ, најголемата младинска организација во Северна Македонија. Создаде многу генерации успешни и тренирани интелектуалци кои се денес видни луѓе во општеството и по светот.

Кога никој од нас не веруваше дека млади деца од 20 години можат да организираат Светско дебатно првенство во Северна Македонија, тој го формираше тимот и го организираше тоа првенство токму во саканата Струга. Веруваше во големи работи и не” водеше кон големи работи. Овие денови добивме пораки од цела светска дебатна заедница со нивните убави спомени и емоции од Иле. Тоа значи дека Иле остави глобален траг во оваа и во многу други интелектуални заедници. Траг кој засекогаш ќе остане вреден и важен.

Економијата и претприемништвото му беа и професија и пасија. Постојано со нови идеи за развој, за соработка, за иновации. Идеи за бизнис, идеи за движење напред, идеи дека можеме да сме подобри во се што правиме.

Најголем дел од своето време му посвети на општеството. На демократијата, на прогресивните идеи, на критичкото мислење, на транспарентноста и отчетноста, на новите медиуми, на борбата со дезинформациите. Не пропушти ниту една важна општествена битка во последните десет години, и сите ги доби. Сите освен битката да се чува себеси повеќе. Битка за која многу пати заедно зборувавме, но не направивме доволно. Не затоа што не сакавме, туку затоа што пожртвуваноста, посветеноста, професионализмот и мисијата беа поважни од се.

Во последниве години има државна – патриотска мисија. Ја штитеше својата држава од хибридни и дезинформациски напади. Тој е најдобриот во Северна Македонија кога се во прашање трендовите на социјалните медиуми и безбедната комуникација преку интеренет.

Нашиот Иле многу го сакаше животот и беше голем хедонист. Од мал помагаше на родителите и на фамилијата во водењето на националниот ресторан Билјана, на кој беше особено горд, а последниве години истражуваше во кулинарството и подготовката на неверојатни домашни оброци околу кои ги собираше сите.

Посебна љубов му беше- Струга, родното место на неговите родители. Како поранешен ватерполист уживаше да плива, кајчиња возеше за да им покаже на сите наши деца што е вистински капетан на брод, сакаше да лови риби – уживаше со семејството и со другарите кога одеше во Струга.

А за тоа каков другар беше навистина не постојат зборови. Знаеше да ги собере и оние кои со години не се виделе, сакаше да ги помири сите. Во секој од нас го гледаше најдоброто. Грешките ги бараше во себе, а на другите се’ им простуваше.

За сите се грижеше и сакаше да се собираме, да се дружиме, да се смееме, да разговараме, да сме заедно. Беше вистински ангел. Добриот дух на нашето друштво. Кога сите паѓавме тој не’ креваше, кога се кревавме тој не’ креваше уште повисоко.

Правеше секогаш се и за секого. Иле беше чиста ДОБРИНА, чиста ЉУБОВ, чиста СИЛА и чиста ДУША. Тој беше и засекогаш ќе остане добрината, љубовта, силата и душата на неговото семејство, на нашите семејства, на нашето друштво, на нашиот тим, на сите нас.

Беше тука за секој од нас. Посветуваше многу време на поддршка на луѓето околу себе. Беше чувар. Столб дома, столб со другарите, столб со колегите. Најдобриот меѓу нас, најдобриот за нас, најдобриот со нас. Најдобриот Иле.

Ни остава сериозна мисија и многу планови – ние, неговите луѓе ви ветуваме – ќе најдеме начин да ја продолжиме неговата мисија – ќе вложиме и време, и енергија, и љубов, и знаење и искуство – имаме обврска да ги претвориме во проекти и иницијативи идеите кои заедно ги создававме за подобро општество, за повисока граѓанска свест и за поодговорни институции.
Плови мирно капетане, Вечна нека ти е славата.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанци од Косово направиле хаос во Венеција – го симнале италијанското, а го закачиле албанското знаме

На Денот на знамето, 29 ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција, јавуваат тамошните медиуми. Најмалку дваесетина Албанци го блокирале Корсо Мартири со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот на Републиката во тој град и се...

Скопјанка подведувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи – потоа биле снимени

Рано утринава полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снималe двете девојчиња. – На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје...

Каков народ сме ние: Мајката на Вања, Зорица мораше да објаснува што работи маж ѝ – за луѓето да не шират дезинформации

Чуден народ сме ние Македонците, правиме драми каде не треба. Можеби и сегде е така, но кај нас доаѓа до израз, затоа што сме навистина малку луѓе. На социјалните мрежи деновиве може да се прочитаат секакви коментари, теории на заговор и што се не, поврзани со исчезнувањето...

Веќе ДВА дена ги нема нигде: Две тинејџерки се качиле во такси во Грција – им се губи секоја трага

Две тинејџерки Елефтерија С.(13) и Аикатерини П.(14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација. Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетниците бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните...

Стотина полицајци ја бараат Вања: Проверени се подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во потрагата по неа веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14 годишно девојче ја објавија сите балкански земји. Овој случај го отвори прашањето...

Девојка (15) во Шведска обвинила таксист за силување – Нејзините браќа го обесија

Четири тинејџери, од кои тројца браќа, и 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на маж што таа го обвини за силување. Жртвата, таксист, беше пронајдена обесена во природниот резерват Енкопинг во централна Шведска во март. Судот во Упсала изјавил дека тој бил намамен таму со...

Доктор Ненад Лазаров: Ми го пресече патот, избегнав директен судир, ама се удривме – полицајците беа фини, ама ќе платам казна

Ми пресекува пат буквално прелетувајќи ја главната улица од споредна, кај тобако Томи во К.Вода, со двете деца во кола јас одвај успевам да закочам за да не биде тотален судар и со десен дел од предница го удирам дури во гепек, СРЕЌА, од што лета продолжува...

Вања чедо, дете мое, дете наше, ти се обраќа чичко Ерко, знам дека читаш: Ништо не си погрешила, се е простено, сите те сакаме!

Фејсбук статус на Eroll Erko Odisea: Вања чедо... Дете мое, дете наше. Ти се обраќа чичко Ерко дека е убеден дека ќе прочиташ. Сонце наше послушај го чичо! Ако за било што се чуствуваш виновна сонце? Ако мислиш дека си згрешила и несмееш да се појавиш. Чичино сите сме го поминале тоа. Сите сме биле...

УЖАС: Дански пратеник призна дека е во врска со 15-годишно девојче – еве што направи неговата партија

28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за TV 2 призна дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Партијата на умерените, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува...

(ВИДЕО) Се запали градски автобус – соседите не се задоволни од својот јавен превоз

Градски автобус се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград. Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата. Според првичните информации, во пожарот нема повредени. Пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус...

Груевски: Да не ја изградев салата „Борис Трајковски“, каде ќе се одржеше самитот на ОБСЕ?

Експремиерот Никола Груевски преку објава на својто фејсбук профил нагласи дека да не го изграделе СЦ Борис Трајковски, Филхармонијата и да не овозможиле градба на спортската сала Јане Сандански во општина Аеродором, ќе немаше каде да се одржи посериозен настан од ваков тип, алудирајќи на министерсткиот совет...