Македонскиот ракометен шампион, Ѓорче Петров успеа да обезбеди ласман во осминафиналето од Европскиот Куп, откако и на реванш средбата против Ојпен триумфираше со 48:36. Во првиот натпревар, нашиот тим исто така славеше со 45:39.
Одигра Ѓорче во мал грч, во првиот дел кој успеа да го добие со само два разлика, а во тој дел особено блесакше Анамарија Коларовска, која буквално во тешките моменти сама го носеше товарот на екипата, заедно со голманката Кицеска.
Во вториот дел се разиграа и останатите, при што победата на крај беше и повеќе од убедлива. Во вториот дел најразиграна беше Емилијана Ризоска.
На крајот, Ана Марија Коларовска и Емилијана Ризоска постигнаа по 11 голови, додека Слободанка Кицеска имаше 10 успешни одбрани.
Доколку би имало прогласување за играч на двомечот, со сигурност тоа би била Ана Марија Коларовска, која вкупно во овој двомеч постигна 22 гола.