Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку социјалните мрежи изрази сочувство и жалење за прераната смрт на Илија Жупаноски, кој во еден период бил негов советник за дигитални комуникации во времето додека беше претседател на Владата на Македонија.
-Со неверување и голема тага ја примив веста за прераната смрт на Илија Жупаноски, голем борец за демократија во нашата држава. Илија беше мој советник за дигитални комуникации во времето додека бев претседател на Владата, како и на премиерите Заев и Ковачевски. Жестоко се бореше против дезинформациите и манипулациите со информации кои ја поткопуваат демократијата и демократските вредности, секогаш на страна на вистината и прогресот.
Илија имаше клучна улога во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2017 година. Тој беше еден од пионерите во развивањето на концептот за дигитална отчетност и транспарентност, придонесувајќи кон тоа македонската Влада да стане прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност. Со своето огромно домашно, регионално и меѓународно искуство, Илија беше посветен на борбата против хибридните и сајбер напади кои го загрозуваат темелот на демократијата.
Сочувство до семејството и најблиските. Вечна му слава!
Нема зборови… Само тага и неверување за прераното заминување на нашиот другар Илија.
Прерано го загубивме неговото светло, инспирација и креативност, но сеќавањето на него вечно ќе живее меѓу оние кои ја имавме честа да го запознаеме.
Сочувство до семејството и до сите на кои ќе ни недостигаш.
Патувај во мир пријателе, напиша министерката за Култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.