Во моментот се игра дуелот меѓу Бугарија и Унгарија во рамки од квалификациите за ЕУРО 2024, каде нашиот источен сосед воопшто нема шанси за пласман на натпреварувањето.
Незадоволни од ситуацијата со селекцијата, навивачи од Бугарија најавија протест против раководството на Бугарскиот фудбалски сојуз, кој се одржа токму кога започна средбата.
Како што јавуваат бугарските медиуми, ситуацијата е крајно сериозна и за моменти изгледало како „војна“ судирот меѓу полицијата и навивачите.
Околу 3500 навивачи се најдоа пред стадионот „Васил Левски“ на протест, а откако ситуацијата излезе од контрола, полицијата започна пресметка со нив.
Приведени се голем број на лица, а исто така има и повеќемина повредени. Наскоро се очекуваат повеќе детали.
Фото: БГНЕС