По речиси четири години во етерот, дојдоа деновите со кои гледачите ќе се збогуваат со својата омилена серија „Забрането Јаболко“.
Во текот на оваа недела, се гледаат последните епизоди од серијата која го постави гламурот на сцена и интригите ги искачи на пиедесталот на овој вид на телевизиска програма.
За жал на гледачите, ќе мора да се збогуваат со Јилдиз, Доган, Ендер, Кумру, Шахика, Џулија, Асуман, Хандан, Емир, Џанер…
До самиот крај ќе биде неизвесна судбината на многумина и дали планот на злобната Џулија ќе им нанесе тага и немир во животот.
Ќе се венчтаат ли Џанер и Кумру односно Јилдиз и Доган, што подготвува Ендер и дали ѓаволот ќе ја однесе шегата?
Сето тоа дознајте го во последните епизоди на серијата која се емитува на Канал 5 телевизија.