Во изминатите два дена, главна тема во Тетово е поставувањето на 15-метарски крст во манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка.
Откако беше поставен, советници на ДУИ веднаш побараа вонредна Седница на Советот, каде најпрво бараа објаснување како е поставен и притоа велат дека требало да се сруши. Од Општината сепак одговорија дека се е според правилата и прописите, откако бил направен и увид на објектот на лице место.
По тој повод се огласи и претседателот на СДММ, Марко Михаилоски преку социјалните мрежи со јасна порака, инаку тој потекнува токму од Тетово.
-Прифаќањето на различностите е сржта на еднаквоста, а Тетово е пример за Едно општество за сите. Концепт кој што до ден денес сите се повикуваме и го покажуваме позитивниот пример дека ние сме носители на соживотот.
Двојните стандарди кои што некој пробува да ги наметне од денес, не придонесуваат кон еднаквност и уште помалку кон соживот, туку не оддалечуваат од самите нас и свесно или несвесно може да не втурнат во непосакувани тензии кои што барем ние знаеме дека се далеку позади нас.
Во време на различни верувања, да продолжиме да негуваме разбирање, сочувство и почит. Да ја прифатиме убавината на различноста и нашите разговори нека бидат мост за единство наместо извори на тензии.