Осумгодишниот Македон Димитровски од Тетово со нови успеси. Овој пат, ново злато од натпреварот по математика „Кенгур 2023“, но и златен медал од Светскиот натпревар „Математика без граници“.
Чудото од дете, осумгодишниот математичар Македон повторно ги изненади сите, но тоа му е веќе повторување – победа од навика поради знаење!
Македон освои златен медал на светскиот натпревар од есенскиот дел “Математика без граници“, светски натпревар со 4.000 учесници, но и го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар „Кенгур 2023“, што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.
– Браво, ти си наша гордост, Златен медал за златно дете, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.