Почина една од најголемите македонски актерски легенди Мето Јовановски на 76 години.
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Неговите најпознати улоги се тие во безвременските филмски остварувања „Тетовирање“, „Среќна нова 49-та“, „Пред Дождот“, итн.
Јовановски заврши Театарска академија во Софија во 1971 година и од тогаш станува еден од најдобрите македонски актери.
Роден е во 1946 во село Панчарево, Пехчевско.