Израелската војска соопшти дека се согласила да помогне во евакуацијата на бебињата од болницата Ал-Шифа во Газа во „побезбедна“ установа.
Најмалку 20 новородени бебиња кои се чуваат во болницата.
Докторите велат дека две предвремено родени бебиња починале поради недостиг на електрична енергија во Ал-Шифа, а главниот хирург претходно изјави дека установата останала без вода, храна и струја.
Израелската војска ги отфрли обвинувањата дека ја нападнала Ал-Шифа – најголемата болница во Газа – но призна дека во таа област се случуваат судирите со милитантите на Хамас, кои според Израел дејствуваат од тунелите под болницата. Хамас пак негира дека имаат тунели под болницата.
Според добротворната организација Лекари без граници (MSF) – болниците во Појасот Газа се под „немилосрдно бомбардирање“ во последните 24 часа.