Петнаесетина медиуми пренесоа видео од тепачка како да е денешна, МВР вели дека случајот е одамна расчистен

За повеќе детали за овој случај „360 степени“ се обрати до полицијата, а од таму добивме одговор дека станува збор за инцидент што се случил пред два месеца и бил целосно расчистен

Петнаесетина медиуми денеска пренесоа видео од тепачка во салон за бела техника во Скопје, на кое се гледа како две лица напаѓаат еден вработен, а при обидот на негов колега да му помогне, напаѓачите удираат и по вториот вработен.

„360 степени“ за повеќе детали за овој случај се обрати до полицијата, а од таму добивме одговор дека станува збор за инцидент што се случил пред два месеца и бил целосно расчистен.

„Расчистен е нападот во ‘Техномаркет’, насилниците се приведени пред месец и половина. Апелираме да не се шират лажни вести“, се вели во одговорот што го добивме од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму прецизираат дека настанот се случил на 20 септември годинава во продажен објект кај арената „Тоше Проески“, полицијата пет дена подоцна ги привела напаѓачите – 25-годишниот Ф.В. и 33-годишниот А.Ф., двајцата од Скопје.

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.9.2023 г. ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.9.2023 г. во продажен објект кај арената ‘Тоше Проески’ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека во координација со јавен обвинител против напаѓачите е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

„Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните“, се нагласува во известувањето од МВР.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанци од Косово направиле хаос во Венеција – го симнале италијанското, а го закачиле албанското знаме

На Денот на знамето, 29 ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција, јавуваат тамошните медиуми. Најмалку дваесетина Албанци го блокирале Корсо Мартири со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот на Републиката во тој град и се...

Скопјанка подведувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи – потоа биле снимени

Рано утринава полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снималe двете девојчиња. – На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје...

Каков народ сме ние: Мајката на Вања, Зорица мораше да објаснува што работи маж ѝ – за луѓето да не шират дезинформации

Чуден народ сме ние Македонците, правиме драми каде не треба. Можеби и сегде е така, но кај нас доаѓа до израз, затоа што сме навистина малку луѓе. На социјалните мрежи деновиве може да се прочитаат секакви коментари, теории на заговор и што се не, поврзани со исчезнувањето...

Веќе ДВА дена ги нема нигде: Две тинејџерки се качиле во такси во Грција – им се губи секоја трага

Две тинејџерки Елефтерија С.(13) и Аикатерини П.(14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација. Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетниците бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните...

Стотина полицајци ја бараат Вања: Проверени се подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во потрагата по неа веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14 годишно девојче ја објавија сите балкански земји. Овој случај го отвори прашањето...

Девојка (15) во Шведска обвинила таксист за силување – Нејзините браќа го обесија

Четири тинејџери, од кои тројца браќа, и 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на маж што таа го обвини за силување. Жртвата, таксист, беше пронајдена обесена во природниот резерват Енкопинг во централна Шведска во март. Судот во Упсала изјавил дека тој бил намамен таму со...

Доктор Ненад Лазаров: Ми го пресече патот, избегнав директен судир, ама се удривме – полицајците беа фини, ама ќе платам казна

Ми пресекува пат буквално прелетувајќи ја главната улица од споредна, кај тобако Томи во К.Вода, со двете деца во кола јас одвај успевам да закочам за да не биде тотален судар и со десен дел од предница го удирам дури во гепек, СРЕЌА, од што лета продолжува...

Вања чедо, дете мое, дете наше, ти се обраќа чичко Ерко, знам дека читаш: Ништо не си погрешила, се е простено, сите те сакаме!

Фејсбук статус на Eroll Erko Odisea: Вања чедо... Дете мое, дете наше. Ти се обраќа чичко Ерко дека е убеден дека ќе прочиташ. Сонце наше послушај го чичо! Ако за било што се чуствуваш виновна сонце? Ако мислиш дека си згрешила и несмееш да се појавиш. Чичино сите сме го поминале тоа. Сите сме биле...

УЖАС: Дански пратеник призна дека е во врска со 15-годишно девојче – еве што направи неговата партија

28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за TV 2 призна дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Партијата на умерените, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува...

(ВИДЕО) Се запали градски автобус – соседите не се задоволни од својот јавен превоз

Градски автобус се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград. Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата. Според првичните информации, во пожарот нема повредени. Пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус...

Груевски: Да не ја изградев салата „Борис Трајковски“, каде ќе се одржеше самитот на ОБСЕ?

Експремиерот Никола Груевски преку објава на својто фејсбук профил нагласи дека да не го изграделе СЦ Борис Трајковски, Филхармонијата и да не овозможиле градба на спортската сала Јане Сандански во општина Аеродором, ќе немаше каде да се одржи посериозен настан од ваков тип, алудирајќи на министерсткиот совет...