На жена од Македонија ѝ се слошило на почетокот од концертот на Калиопи Букле во Белград во салата МТС, но подоцна лекарите, кои се обиделе да извршат реанимација, констатирале дека таа починала. Како што јавуваат белградски медиуми, Калиопи во солзи ја напушти салата.
Жената има 70 години. Одеднаш паднала и загубила свест. Белградски Курир објави дека лекарите се обиделе да сторат се што можат, извршиле и реанимација, но потоа можеле само да констатираат дека починала Итната медицинска помош реагирала присебно и овозможила од други излез од салата да излезат ќерката на жената и нејзините пријателки кои сите заедно дошле на концертот.
Курир наведува дека Калиопи е многу потресена и дека со солзи излегла, а концертот е прекинат. Публиката потоа ја напушти салата.
Дојде и полиција за да го истражи случајот и, според српските медиуми, потоа Калиопи дала изјава во полициска станица.
Калиопи е многу почитувана пејачка во Србија, вечерашниот концерт требаше да биде нејзиниот осми концерт во Белград, а втор во големата сала МТС.