Исклучително бурно прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Гостивар попладнево во Кавадарци, пишува Спорт 1.
Особено драматично беше во периодот од 31. до 35. минута кога се случија серија инциденти, предизвикани пред се, од одлуките на главниот судија Александар Грујоски од Кичево. Се почна со досудениот сомнителен пенал во корист на Гостивар во 31. минута кога еден домашен играч се обиде да ја расчисти опасноста од својот шеснаесетник, фудбалер на Гостивар пред него играше со топката и падна, но меѓу нив немаше никаков дуел за да биде покажан удар од белата точка.
Откако Атиемвен го искористи пеналот и зголеми на 2-0 за Гостивар, инцидентите се префрлија надвор од теренот, а во главна улога беше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Очигледно изнервиран, тој се обиде да влезе и да се пресмета со Грујоски, но беше запрен од неколку домашни фудбалери.
Кавадарчани го завршија натпреварот со девет играчи откако во второто полувреме им беа исклучени двајца, но и покрај тоа успеаја да израмнат на 2-2 и да освојат бод.
Видеото погледнете го на Спорт1 – клик ТУКА.