Спасовски за објави на Мицкоски за Онкологија: Секој кој има докази да ги достави до обвинителството

Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот повикувајќи се на извештаи од свиркачи што го опфаќаат периодот до август годинава.

-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка, рече Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес.

Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.

-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски забележа дека министерот неколку пати во неговото обраќање вели истрага, па побара да одговори дали случајот се наоѓа во предистражна или истражна постапка. Министерот Спасовски го упати пратеникот за подетални информации за случајот да се обрати до ОЈО.

На прашањата на пратениците одговара јавниот обвинител Љубомир Јовески. Треба да биде сослушуван вторпат и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев. На денешната седница биле поканети да сведочат и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Миле Сугарев, актуелениот директор на ФЗО. Мизрахи на почетокот на седницата информираше дека Сугарев не можел да присуствува на седница поради службен пат надвор од Скопје. Таа соопшти дека Филипче во допис ја известува Анкетната комисија дека заради приватни обврски и патувања во странство не може да присуствува повторно на Комисијата. Известил и дека во првото појавување ги одговорил сите прашања и изложил ставови за овој процеси оти стои на располагање да одговара писмено. Мизрахи рече дека Анкетната комисија не е седница на пратенички прашања, а тој веќе не е министер.

Мизрахи претходно на прес-конференција соопшти дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанци од Косово направиле хаос во Венеција – го симнале италијанското, а го закачиле албанското знаме

На Денот на знамето, 29 ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција, јавуваат тамошните медиуми. Најмалку дваесетина Албанци го блокирале Корсо Мартири со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот на Републиката во тој град и се...

Скопјанка подведувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи – потоа биле снимени

Рано утринава полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снималe двете девојчиња. – На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје...

Каков народ сме ние: Мајката на Вања, Зорица мораше да објаснува што работи маж ѝ – за луѓето да не шират дезинформации

Чуден народ сме ние Македонците, правиме драми каде не треба. Можеби и сегде е така, но кај нас доаѓа до израз, затоа што сме навистина малку луѓе. На социјалните мрежи деновиве може да се прочитаат секакви коментари, теории на заговор и што се не, поврзани со исчезнувањето...

Веќе ДВА дена ги нема нигде: Две тинејџерки се качиле во такси во Грција – им се губи секоја трага

Две тинејџерки Елефтерија С.(13) и Аикатерини П.(14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација. Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетниците бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните...

Стотина полицајци ја бараат Вања: Проверени се подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во потрагата по неа веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14 годишно девојче ја објавија сите балкански земји. Овој случај го отвори прашањето...

Девојка (15) во Шведска обвинила таксист за силување – Нејзините браќа го обесија

Четири тинејџери, од кои тројца браќа, и 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на маж што таа го обвини за силување. Жртвата, таксист, беше пронајдена обесена во природниот резерват Енкопинг во централна Шведска во март. Судот во Упсала изјавил дека тој бил намамен таму со...

Доктор Ненад Лазаров: Ми го пресече патот, избегнав директен судир, ама се удривме – полицајците беа фини, ама ќе платам казна

Ми пресекува пат буквално прелетувајќи ја главната улица од споредна, кај тобако Томи во К.Вода, со двете деца во кола јас одвај успевам да закочам за да не биде тотален судар и со десен дел од предница го удирам дури во гепек, СРЕЌА, од што лета продолжува...

Вања чедо, дете мое, дете наше, ти се обраќа чичко Ерко, знам дека читаш: Ништо не си погрешила, се е простено, сите те сакаме!

Фејсбук статус на Eroll Erko Odisea: Вања чедо... Дете мое, дете наше. Ти се обраќа чичко Ерко дека е убеден дека ќе прочиташ. Сонце наше послушај го чичо! Ако за било што се чуствуваш виновна сонце? Ако мислиш дека си згрешила и несмееш да се појавиш. Чичино сите сме го поминале тоа. Сите сме биле...

УЖАС: Дански пратеник призна дека е во врска со 15-годишно девојче – еве што направи неговата партија

28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за TV 2 призна дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Партијата на умерените, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува...

(ВИДЕО) Се запали градски автобус – соседите не се задоволни од својот јавен превоз

Градски автобус се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград. Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата. Според првичните информации, во пожарот нема повредени. Пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус...

Груевски: Да не ја изградев салата „Борис Трајковски“, каде ќе се одржеше самитот на ОБСЕ?

Експремиерот Никола Груевски преку објава на својто фејсбук профил нагласи дека да не го изграделе СЦ Борис Трајковски, Филхармонијата и да не овозможиле градба на спортската сала Јане Сандански во општина Аеродором, ќе немаше каде да се одржи посериозен настан од ваков тип, алудирајќи на министерсткиот совет...