Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење, рече денеска заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување за Националната телевизија (МТВ).
-Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење. Од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 граѓани, корисници на оваа мерка.
-Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија, рече Лукаревска.
За МТВ Лукаревска посочи дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.
Проектот „МојДДВ“ го оправда своето постоење, на сметките на граѓаните се слеале 120 милиони евра, најавено зголемување прагот на поврат на ДДВ над 2.100 денари
Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.
Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети кај повеќе од 500.000 корисници на оваа мерка.
Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите. Евидентиран е зголемен број на пријави од страна на граѓаните за неиздавање на фискални сметки. Во изминативе четири години, од почетокот на „МојДДВ“ биле поднесени повеќе од 5.600 претставки за неиздадени фискални сметки, што упатува на јакнење на свеста за значењето на даноците.
Во семејство со двајца корисници – плус 16.800 денари годишно во семејниот буџет