Тарантула која го преминувала патот во националниот парк „Долината на смртта“, во Калифорнија е обвинета за предизвикување на голема сообраќајна несреќа што доведе еден мотоциклист да биде итно хоспитализиран, пишува „Њујоркпост“.
Собраќајката предизвикана од тарантулата се случила на 28 октомври додека двојка од Швајцарија се возеле со своето изнајмено камперско комбе источно од Таун Пас, во националниот парк „Долината на смртта“, објави Службата за национални паркови.
Туристите ја забележале тарантулата како се движи по автопатот и неочекувано го запреле возилото за да не ја удрат. Поради оваа реакција 24-годишен канадски мотоциклист удрил во задниот дел од нивното возило. Возачот на моторот потоа бил испратен во болницата во Пахрамп, а неговата состојба сè уште е непозната.
Во меѓувреме, тарантулата се оддалечила од метежот целосно „неповредена“. Со оглед на несреќата предизвикана од овој „виновник“ со осум нозе, службата во паркот ги предупредува возачите да бидат внимателни додека патуваат низ Долината на смртта во овој период од годината.
„Ве молиме возете полека, особено спуштајќи се по стрмните ридови во паркот. Нашите патишта сè уште имаат чакал поради штетите од поплавите, а дивиот свет од сите големини е надвор“, предупреди началникот Мајк Рејнолдс, кој беше првиот на местото на несреќата.