Од утре најголем дел скопјани ќе плаќаат поскапо парно за 4 и пол проценти. Тоа значи дека просечна сметка од 1.800 денари ќе биде повисока за 80 денари. Корисниците на т.н железарско парно и од Скопје Север ќе имаат минимално намалување на сметките.
„Цената на топлинската енергија се зголемува бидејќи реално има високи трошоци за природен гас во првите три месеци од годината и затоа што враќаме дел од позајмицата која ја даде владата и тоа ќе го правиме чекор по чекор. Замолувам да се преземат сите потребни активности за Скопје север и мрежата во Железара се поврзат со најголемата мрежа во градот Скопје и на тој начин сите потрошувачи ќе добиваат иста цена за топлинска енергија“ – Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
Ако не се користи енергијата од ТЕ-ТО, тогаш поскапувањето би било 60%, вели првиот регулатор. Токму затоа, се чекаше да почнат активности под Беласица, каде поминува топлината од оваа централа.
Бислимовски се надева дека државата ќе ги преземе сите мерки по наметнатата такса од Бугарија за руски гас. Според него, Македонија не смее да биде погодена од оваа давачка оти е наменета за други земји. Дециден е дека цената нема да се менува заради таксата.
„Да расчистиме, јасно и гласно ви одговарам дека корекција на цената на топлинска енергија во Градот Скопје ќе нема“ – Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
На парно во Скопје се затоплуваат речиси 64 илјади домаќинства.