Ако често посегнувате по ужина набрзо по јадење одредена храна, не е се во вашата глава. Некои намирници всушност го зголемуваат вашиот апетит и ве прават погладни.
Најчесто такви се намирниците кои се претежно рафинирани јаглехидрати и богати со шеќер, бидејќи често им недостигаат заситени протеини и влакна. Комбинацијата од намирници богати со рафинирани јаглехидрати, а малку влакна и протеини, може да го нарушат нивото на шеќер во крвта, придонесувајќи за ненаситна желба за храна и глад.
Наместо да посегнувате по некоја од овие намирници, одлучете се за храна која има хранлива вредност.
Слатки пецива
Го знаеме искушението да се разбудите гладни и да гледате во слатките пецива на вашата маса додека го пиете првото утринско кафе. Сепак, слатките пецива се едни од најлошите намирници со кои треба да го започнете денот и секако не се комплетен појадок.
„Овие печени задоволства се одлични за задоволување на вашето непце, но тие не се супер задоволувачки за вашиот стомак бидејќи само привидно ве заситуваат“.
Затоа, наместо овие слатки задоволства, изберете појадок со протеини како што се варени јајца или грчки јогурт за да бидете сити подолго време.
Закуски
Ќе изедеме грст чипс или переци, па потоа сакаме уште повеќе, а тоа можете да го припишете на солта. Солта ги активира рецепторите во устата и сè е многу повкусно кога е зачинето со сол.
Сепак, постои уште една причина зошто копнееме за солена храна. Научниците претпоставуваат дека луѓето копнеат за сол поради можноста солта да го активира ослободувањето на допамин, хормонот кој ни овозможува да чувствуваме среќа.
Ова може да оди до недоглед бидејќи солените закуски како чипсот и другите грицки, имаат тенденција да бидат полни со рафинирани јаглехидрати и многу малку влакна, што го забавува варењето, а со тоа и побрзо огладнувате.