Што е дијабетес?
Дијабетесот, или формално дијабетес малитус е хронично заболување на метаболизмот, кое се карактеризира со покачени нивоа на гликозата, шеќерот во крвта на гладно > 7,0 ммол/Л или на ниво на гликоза мерена два часа по тестот за толеранција на гликоза тестот плазматска гликоза > 11,0 ммол/Л. Едноставно кажано тоа е заболување кај кое организмот не е способен за навремена дистрибуција на шеќерот во клетките, поради што тој се задржува во циркулацијата подолго време, а токму таа состојба е причина за појава на многу симптоми и развој на сериозни здравствени последици од оваа болест.
Зошто е важно да се открие рано!
Дијабетесот е многу подмолна болест бидејки не секогаш симптомите на нарушената регулација на гликозата се јавуваат веднаш. Кога се јавува хипергликемија – покачени нивоа при кои гликозата стои во крвните садови таа создава таканаречени гликациски продукти, или слободни радикали – молекули кои ги оштетуваат клетките од внатрешната обвивка на крвните садови, што со текот на времето може да прогресира и дури и без свесност на човекот да биде причина за појава на ретинопатија (оштетени садови во ретината во окото), нефропатија (оштетување на клетките и функцијата на бубрезите), невропатија (оштетување на периферните нерви), како и да доведе до појава на инферкт или мозочен удар. Исто така, подеднакво опасна може да биде и симптомот на хипогликемија или наглото паѓање на шеќерот кое може да се јави кај овие лица кое може да предизвика дури и кома и смрт. Поради овие причини раното откривање на болеста, со цел да се спречи појавата на овие симптоми и последици и да се обезбеди добра регулација и контрола е исклучително важна.
Видови дијабетес
Дијабетес тип 1 – или инсулинско зависен тип, при кој како последица на автоимуни реакции доаѓа до оштетување на панкреасот кој престанува да создава инсулин, неопходен за дистрибуција на шеќерот од крвта во клетките. Се јавува вообичаено во детството или помладите години, а овие лица мораа целиот свој живот да земаат инсулин како терапија.
Дијабетес тип 2 – или состојба на инсулинска резистенција при која панкреасот создава доволно инсулин но поради оштетување на инсулинските рецептори, клеточните мембрани и намалена чувствителност на инсулинот тој тешко и помалку овозможува внесување на шеќерот во клетките. Оваа состојба често е поврзана и со хиперинсулинемија при која телото постојано создава големи количини инсулин кои и покрај тоа не успеваат ефикасно да го дистрибуираат шеќерот во клетките.
Гестациски – ендокрино пореметување кое се јавува релативно често за време на бременоста, вообичаено по породувањето самостојно се регулира но претставува голем ризик фактор за појава на тип 2 подоцна во животот.
Голем број лица имаат и таканаречана состојба на пред-дијабетес, гранично пореметување на нивоата на шеќер, чести флуктации па нормализирања на шеќерот што е индикатор за нарушена регулација и без соодветни прмомени во животниот стил и исхраната лесно може да прогресира во дијабетес тип 2.