Тешка сообраќајка во Скопје – Се судрија автомобил и мопед

0

На 22.08.2022 вo 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“, на место викано „Триангла“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(36) од с.Трубарево, скопско и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Сподели