Лани крадената струја сме ја платиле со 100 милиони евра

0

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра. Тоа е практично струја што се краде на разни начини, а ние ја плаќаме преку сметките.

Операторот на електродистрибутивниот систем – ЕВН Електродистрибуција, согласно своите обврски, заради покривање на загубите, во 2021 од трговци и снабдувачи набавил 916.381,6 мегавати по просечна цена од 6.607 денари, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на една година претходно, зголемено е количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина – 3.330 денари. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.

Анализата покажува дека три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

– Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, велат од ЕВН Електродистрибуција.

Повеќе за кражбите на електрична енергија може да се прочита на следниот линк.

Сподели